Германското Министерство за транспорт (БМДВ) го критикуваше егзибициското возење во кое чешкиот тајкун го возел својот Bugatti Chiron на јавен автопат со брзина од 417 km/h и снимил се.
Видеото објавено на интернет на почетокот на месецов го прикажува Радим Пасер како го вози својот хиперспортски автомобил со екстремни брзини на делот од германскиот автопат А2 меѓу Берлин и Хановер, пренесува Јутарњи.хр.
Под видеото, Пасер напиша дека се е снимено минатата година на рамна 10-километарска делница со три ленти и одлична видливост по целата делница.
„Безбедноста беше приоритет, така што околностите мораа да бидат безбедни“, напиша тој.
Но, на делот од автопатот каде што возел се одвивал сообраќајот на други возила и не било ден туку се стемнувало како што може да се види на видеото.
Иако добар дел од германската автопатска мрежа сè уште нема ограничување на брзината, Министерството за транспорт во соопштението наведува дека „таков суров начин на возење во редовен патен сообраќај е едноставно недозволив и опасен бидејќи може да ги загрози сите учесници во сообраќајот“.
„Сите учесници во сообраќајот мора да ги почитуваат правилата на прописите за патниот сообраќај“, додаде тој, цитирајќи ја првата клаузула од германскиот закон за патен сообраќај, кој вели дека „секој што е вклучен во сообраќајот мора да се однесува на таков начин што нема друго лице да биде повредено, загрозено или да попречени повеќе отколку што е неизбежно во околностите“.
Министерството истакна дека законот, исто така, бара од возачите „да возат само толку брзо што возилото е постојано под контрола“.
Едноставно, нема место за вакви егзибициски возења во редовен сообраќај.
Пасер, кој според Форбс е 33. најбогат човек во Чешка со богатство од 6,6 милијарди чешки круни (308 милиони долари) напиша – „Му благодариме на Бога за безбедноста и добрите околности, бидејќи успеавме да достигнеме брзина од 417 километри на час!“
Партијата на зелените, сега помал партнер во германската коалициска влада, повика на ограничување на брзината од 130 километри на час на целата мрежа Autoban во минатогодишната изборна кампања, како дел од напорите за намалување на емисиите на CO2.
Сепак, идејата беше отфрлена за време на разговорите за формирање нова влада.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден