во

Човек преживеал клиничка смрт и тврди дека ангели го одвеле на необично место во рајот: Еве што нè чека на “другата страна”!

Дејвид Хензел во 2015 година доживеал клиничка смрт, бил во кома цели два месеци, а кога се разбудил, споделил необично искуство за тоа како изгледа рајот. Вели дека уште од детството доживувал контакти со “другата страна” и духовни суштества. Открил дека уште од четиригодишна возраст слушал гласови и звуци што неговите родители не ги забележувале.

“Слушав како духовите ги гасат светлата и ги отвораат и затвораат вратите во нашата куќа”, се сеќава Дејвид, кој подоцна се борел со зависност од дрога и алкохол поради овие искуства. Многумина го сметале за ментално нестабилен, но тој тврди дека цело време разговарал со ангели кои го заштитувале низ животот.

Во 2015 година, Дејвид бил близу смртта поради сепса и инфекција која му зафатила 70% од белите дробови. Доживеал срцев удар и паднал во кома. Но, според неговото сведоштво, тоа било почеток на неговото неверојатно патување.

“Се сеќавам дека ги затворив очите од болест, а кога ги отворив, се најдов во ноќна сцена на небото – најубавото, свиленкасто, ноќно небо без ѕвезди и облаци. Ништо не имаше крај или почеток”, раскажува тој. До него стоеле две суштества – едно одлево, друго оддесно, и покрај нив се чувствувал безбедно, како да ги познава од секогаш.

Тие му ја покажале најсветлата златно-бела светлина, опишувајќи ја како најубава што некогаш ја видел. Ангелите го воделе, но не до “големите бисерни порти” како што често се спомнува, туку до еден бар без алкохол, полн со шарени шишиња. Потоа го одвеле до бела зграда каде му било кажано да продолжи да се качува.

“Кога одев, не чувствував дека ги допирам стапалата на земјата, како да лебдев”, раскажува Дејвид, кој верува дека се вратил во животот за да им прости на сите кои го повредиле. Но, исто така, ангелите му дале уште една задача – да се врати зашто неговиот постар брат ќе почине.

Како што му било кажано, ангелите му предвиделе и смрт на нивното куче Тото пред брат му, што на почетокот не му се верувало. Сепак, Тото набргу починал, точно како што му рекле – го нападнале други кучиња во куќата на родителите. Неколку месеци подоцна, на неговиот брат му бил дијагностициран четврт стадиум на рак на белите дробови и мозочен тумор, а починал за само четири месеци.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Александра Пријовиќ го најави повлекувањето по Белградскиот концерт – открива што следува и дали семејството се зголемува

Рафа не можеше да одолее: Еве како изгледа денеска провокативната собирачка на топки?