Во последните две децении, истражувањата покажуваат дека здравјето на цревата и стомакот е важно за целокупното здравје. За да спречите стомачни болести, важна е превенцијата и здравата исхрана. Здравата исхрана вклучува намирници кои ја обновуваат цревната флора и чистат.
Позната руска докторка смислила напиток за чистење на цревата. Тој го штити и го чува дигестивниот систем.
Проблемите со стомакот придонесуваат за развој на дијабетес. Исто така и за дебелина, ревматоиден артритис и аутизам. Може да доведат до депресија, синдром на хроничен умор и други хронични заболувања. Затоа многумина сметаат дека здравјето на дигестивниот систем ќе биде најважна здравствена цел на 21 век. Со конзумирање на овој детокс напиток по рецепт на руската докторка Викторија Семјонова, можете да ги исчистите цревата и да го спречите развојот на болести на дебелото црево. Еве како да го направите напитокот за чистење на цревата:
Напиток за чистење на цревата
Потребно е:
- 500 г моркови
- 500 г свежа цвекло
- 1 шака сечкани суви кајсии
- 1 шака суво грозје
- 1 лажица мед
Морковите и цвеклото исечкајте ги ситно и ставете ги во тенџере. Во друг сад зовријте вода и прелијте го зеленчукот така што водата да биде два прста над зеленчукот.
Потоа додадете ги сечканите суви кајсии и сувото грозје. Ставете го на оган и штом зоврие тргнете го тенџерето од оган. Кога ќе се пролади, во смесата додадете една лажица мед. Префрлете го на ладно место и оставете го да отстои 12 часа. Потоа, течноста процедете ја низ газа и чувајте ја во фрижидер.
Пијте половина чаша три пати на ден, пред јадење. Парчињата овошје и зеленчук исто така може да се консумираат одделно или едноставно да се додадат во оброк.
За да ги исчистите цревата што подобро, користете го овој рецепт еден месец. Наведената количина ќе биде доволна за два дена, пренесува Крстарица.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден