во

Шерон Стоун има ТЕЛО НА БОЖИЦА, а за се е виновна ИСХРАНАТА БЕЗ ОДРИЧУВАЊЕ: Јаде се, ДУРИ И ЧИПС, изгледа сензационално и денес слави 67. РОДЕНДЕН

Диетата на Шерон Стоун: Јаде сè, дури и чипс, а изгледа помладо од кога било!

Денес слави 67. роденден. Не е премногу расположена за забава, со оглед на тоа дека мајка ѝ неодамна доживеа сериозна повреда, но се заблагодари на „универзумот за уште еден круг кој го заврте околу сонцето“. Ќе го одбележи тој пат, како и секогаш, скромно, во кругот на семејството, а како што Шерон Стоун повеќе пати истакна, најубавите подароци кои ги добила од животот се нејзините три сина.

Реклама

Кој би рекол дека поминаа веќе 33 години од моментот кога ги прекрсти нозете во култниот филм и го заскокотка мозокот на светот за секогаш… Сега има речиси двојно повеќе, а и понатаму изгледа сензационално. Вистина, Шерон Стоун се поретко се појавува на големото платно, но затоа е многу активна на социјалните мрежи, каде можеме да видиме колку посветено се посвети на своето ново хоби, сликањето. Дури приреди и неколку успешни изложби.

Освен уметничката црта која ја откри во себе пред неколку години, витална ја одржува и семејниот живот. Се посвети на децата, активизмот, актуелните општествени проблеми и теми кои се однесуваат на здравјето. Тука и таму се појави на некој настан чисто за да го увелича со своето присуство, иако денес колачите кои ги спрема за синовите ѝ се далеку помили од холивудскиот гламур.

Како што е познато, ѕвездата на „Ниски страсти“ по тешкиот мозочен удар во 2001 година едвај остана жива. Ѝ даваа само еден процент шанси по крварењето во мозокот кое траеше девет дена, но успеа да се опорави и повторно да застане на нозе, на црвени теписи, пред камери и светот.

Благодарна што доби уште една шанса, филмската дива со ореол на божица од златното доба на Холивуд денес со гордост истакнува дека не се плаши од стареењето. Брчките не се битни, важно е да се зачува здравјето. А таа строго води сметка за тоа, секој ден.

Исхраната на Шерон Стоун

Внимава на исхраната, редовно вежба, се труди што повеќе да се смее, и тоа е доволно за беспрекорна линија и младолико лице, кое не го подложила на естетски корекции.

Кога станува збор за менито, од ништо не се лишува, туку едноставно се труди да одржува рамнотежа, да не претерува во ништо и да користи квалитетни намирници. Зеленчукот е секогаш на трпезата, како и рибата, месото со низок процент на масти, јајцата.

Омилени оброци ѝ се пилешко на скара, јагнешко, лосос и шницли со зеленчук на пареа. Понекогаш и бифтек „строганов“, кој фантастично го подготвува (еднаш се пофали на Инстаграм). Признава дека понекогаш „греши“ со преработена храна и дека не успеала да се ослободи од чипсот, но затоа кафето го заменила со билни чаеви. Алкохол веќе години не ни доближила до усните.

Четири до пет пати неделно Шерон прави лесни вежби кои ѝ помагаат да остане во форма. Некогаш комбинира пилатес, јога и танц. Важно е, вели, тренинзите секој пат да бидат различни и човекот да биде креативен. А ѝ недостига креативност никогаш.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Најубавата жена во светот“ задржана на аеродром – не личела на себе од пасошот

Шокантна исповед: Професор кој истражува рак, соопшти дека и самиот умира од рак на мозок!