во ,

Шокантно видео од Малезија: Мајмуни киднапираат мачки и кучиња и ги држат како заложници

Вакво бандитско однесување од страна на мајмуните не познава ни законот на џунглата.

Чопор мајмуни во Малезија биле снимани како здружени во банда прават злосторство без преседан.

Имено, оваа “група хулигани”, се организирала на маргините на џунглата, во близина на човечки населби и почнала да киднапира домашни миленици.

Неколку од нив буквално биле киднапирани, а на снимката која е објавена на социјалните мрежи, жртва на овие бандити е мало куче, кое лидерот на чопорот го киднапирал и го качил со себе на дрво.

Очајната група луѓе на сите начини се обидувале да го спасат кучето, а се утврдило дека цената за откуп е храна, која за мајмуните во џунглите ја има се помалку.

Дури кога била направена размената, кучето повторно завршило во рацете на сопственикот, и тоа прилично истрауматизирано.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Храбра тинејџерка спаси верверички насреде евакуацијата поради ураганот Ида

12 Малку познати работи од секојдневниот живот кои можеби ќе ве изненадат