во ,

Што ќе постигнете по 30 дена редовно вежбање?

Редовното вежбање не само што го обликува телото, туку влијае и на подобрувањето на вашето општо здравје, енергија и ментално благосостојба. Според тренерот Тијан Јагариќ, кој сподели совети за почетници на својот блог, првите промени може да се забележат веќе по еден месец истрајна физичка активност.

1. Подобра издржливост и фитнес форма

По неколку недели, физичките активности што некогаш биле напорни, како качување скали или долги прошетки, стануваат полесни. Кардиореспираторната издржливост се подобрува, што му овозможува на срцето да пумпа поефикасно, додека мускулите добиваат повеќе кислород, па стануваат поиздржливи.

2. Поголема енергија

Иако може да звучи контраинтуитивно, редовната физичка активност всушност ја зголемува енергијата. Ендорфините, хормони на среќата кои се ослободуваат за време на вежбање, помагаат да се чувствувате енергични и полни со елан.

3. Подобрена сила и мускулен тонус

Со редовно вежбање, мускулната сила почнува да се зголемува. Било да користите тегови или вежбате со сопствена тежина, ќе почувствувате цврстина и тонус во мускулите, кои можеби нема веднаш да се видат, но ќе се чувствуваат.

4. Намалување на стресот

Вежбањето го намалува нивото на кортизол – хормонот на стрес, и го поттикнува ослободувањето на серотонин и допамин, хормони кои помагаат да се чувствувате смирено и фокусирано. По еден месец, менталните придобивки стануваат уште позабележителни, што го прави вежбањето одлично средство за борба против анксиозност и депресија.

5. Подобрен сон

Физичката активност го подобрува квалитетот на сонот, овозможувајќи ви да заспиете побрзо и да спиете подлабоко. Оваа промена не само што помага во менталната будност туку и го зајакнува имунитетот.

6. Намалување на телесните масти

Иако големи промени во телесната тежина најчесто се забележуваат по неколку месеци, по 30 дена може да забележите намалување на обемот на некои делови од телото. Ова е резултат на согорување на калории и забрзан метаболизам.

7. Подобрено варење

Физичката активност го подобрува функционирањето на дигестивниот систем, намалувајќи ја надуеноста и други дигестивни проблеми, како и помага во подобра регулација на шеќерот во крвта.

8. Зголемена самодоверба и мотивација

Една од најважните промени е менталната – чувството на достигнување и поголема самодоверба по секој завршен тренинг. Со секој нов успех се зголемува мотивацијата, која може да се прелее и во други аспекти на животот.

Како да продолжите по првите 30 дена?

По еден месец, важно е да го одржите напредокот со конзистентност и промена на рутината. Можете да пробате нови вежби, да го зголемите интензитетот или да воведете различни типови тренинзи, како кардио и јога. Исто така, балансирана исхрана и соодветна хидратација се клучни за долготрајни резултати.

Тренерот Јагариќ нагласува дека овој прв месец може да биде само почеток на долгото патување кон поздраво и посилно тело.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Упад на кралски питон во бања: Жителка од Јужна Каролина во шок

Невролог: Шест дневни активности што го зголемуваат нивото на среќа