во , ,

Што ќе се случи доколку примите две различни дози од вакцината против коронавирусот!?

Возрасните луѓе најверојатно ќе пријават благи до умерени непосакувани ефекти, откако би се комбинирале една доза од вакцината АстраЗенека и втора доза од Фајзер против коронавирус, покажало ново истражување, пренесува „BBC“.

Главоболка, болка во градите и мускулите се чести симптоми кога се прави комбинација од различни вакцини во споредба со примање на две дози вакцини од ист произведувач.

Сепак, сите непосакувани реакции биле краткотрајни, без било какви други безбедносни ризици.

„Ова е навистина интригантно откритие, а не нешто што нужно сме го очекувале“, истакнал професорот Метју Снејп од Оксфорд организациите за вакцините.

Истражувањето „Com-Cov“ започнало во февруари, а целта била да се утврди дали може комбинација од вакцините да даде долготраен имунитет, подобра заштита од новите соеви на коронавирусот или пак едноставно да овозможи болниците да ги менуваат вакцините во случај да немаат доволно дози од истите вакцини.

Канадските градови Онтарио и Квабек во блиска иднина планираат да почнат со мешање на различните вакцини, пренесува „BBC“.

Истражувањето кое го водело Универзитетот во Оксфорд анализирало 830 доброволци постари од 50 години. Целосните резултати од истражувањето се очекуваат во јуни, а засега прелиминарните податоци објавени во истражувачкото списание „Lancet“ се охрабрувачки.

Еден од 10 доброволци кои примиле две дози од вакцината АстраЗенека во временско растојание од четири седмици, пријавиле температура, но во случај кај оние кои добиле една доза од АстраЗенека, а втора доза од Фајзер, без оглед на редоследот на примање на вакцините, застапеноста на покачената телесна температура била 34 отсто.

„Истата разлика забележана е и кај останатите симптоми, како што се грозница, умор, главоболка, малаксаност и болка во мускулите“, изјавил професорот Снејп кој го предводел истражувањето.

Во април истражувањето било проширено – вклучени биле уште 1.050 волонтери, а се тестирале и комбинации од вакцините Модерна и Новавакс заедно со вакцините Фајзер и АстраЗенека, пренесува „BBC“.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трпе и Цветко пијат долго во некој бар…

30 Провокативни илустрации кои го покажуваат нашето општество ако се заменат улогите на луѓето со животните