во

“Ѓоковиќ е чуден, ама неверојатен!” – позната тенисерка со искрена изјава за Новак

Поранешната петта тенисерка во светот, познатата Канаѓанка Ежени Бушар, изнесе искрено мислење за српскиот шампион Новак Ѓоковиќ.

Во едно популарно тениско подкаст интервју со Каролина Гарсија, Бушар откри дека некогаш не била голем обожавател на Ѓоковиќ, но со текот на времето нејзиниот став кон него значително се променил.

Кон крајот на разговорот, кога Гарсија ја прашала кого би сакала да види како гостин во подкастот, Бушар веднаш го спомнала Новак Ѓоковиќ.

Таа призна дека била голем фан на Роџер Федерер, но со текот на годините почнала да ги цени неверојатните достигнувања на српската ѕвезда, која е целосно посветена на спортот.

„Она што го постигна е навистина лудо. Неговата посветеност кон своите уверувања е извонредна, а начинот на кој сè уште победува и се грижи за своето тело е неверојатен. Тој како да не е нормален. Очигледно е дека е чуден, но тоа го прави уште повпечатлив“, изјави Бушар.


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Јокиќ ќе заработува повеќе од сопствениците на клубот? Марк Кјубан го кажа своето мислење!

Љубовница открива зошто мажите изневеруваат: „Сите ми кажаа иста работа“