Светот е освоен од најслатката снимка на векот! 🥺 Малечко јагне пронајде мајка… во КУЧЕ?! Да, добро прочитавте! Оваа неверојатна приказна ќе ви го стопли срцето, но зад неа се крие и една ТАЖНА вистина…
Корисникот на TikTok, Нил Кук, сподели снимка од својата фарма која ги разнежни многумина. На неа се гледа новородено јагне по име Бади, кое упорно го следи пиринејскиот планински пес Болт, верувајќи дека тој му е мајка.
Вистинската мајка се одмара во близина со друго јагне. Но, Бади не го трга погледот од Болт.
– Што правиш, Бади? Мислам дека тоа не е твојата мајка – вели сопственикот низ смеа. Кучето збунето го набљудува своето необично “дете”.
Овој симпатичен призор брзо стана хит. За само три дена снимката е прегледана повеќе од два милиони пати. Собра стотици илјади лајкови.
– Кучето изгледа потполно збунето – гласи еден коментар.
– Јагнето виде нешто големо, бело и меко. Помисли дека е тоа мама – додаде друг.
Кук набрзо ја откри и тажната позадина на приказната. Мајката го отфрлила јагнето. Но, тој и неговата сопруга имаат искуство со отфрлени јагниња. Тие презедоа грижа за него. Бади сега спие во куќата, во кревет за кучиња. Се храни на шише. Со Болт како верен чувар, сигурни се дека ништо нема да му недостига.