во

Јаник Синер се огласи: Италијан во шок поради можната суспензија

Јаник Синер, една од водечките фигури во светскиот тенис, се најде во центарот на вниманието поради новиот пресврт во неговата антидопинг афера.

Светската антидопинг агенција (WADA) поднесе жалба на ослободителната пресуда од март, што сега ќе се разгледува на Судот за спортска арбитража (CAS). За Синер се бара суспензија од 12 до 24 месеци.

Видно разочаран, Синер за првпат јавно проговори за случајот:

„Не можеме да контролираме сѐ, нели? Искрено, многу сум разочаран и изненаден од оваа жалба, бидејќи имавме три сослушувања – сите завршија позитивно за мене. Не го очекував ова. Знаев неколку дена дека ќе се жалат, но денес официјално го објавија тоа. Можеби само сакаат да се уверат дека сѐ е на место, но сепак сум изненаден,“ изјави Синер.

И покрај оваа неизвесност, Италијанецот денес се пласираше во четвртфиналето на турнирот во Пекинг, победувајќи го Роман Софиулин со резултат 2:1.

Но, постои можност наскоро да не го видиме на терените, додека се чека конечната одлука од CAS.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нова опасност од Google Play: Не преземајте ги овие апликации!

Новак Ѓоковиќ играше тенис на Кинескиот ѕид – и ги изненади сите со кинескиот јазик! (Видео)