во

Јелена Карлеуша жестоко врати на навредите: „Олошу, ја свртев глава за да не те плукнам“

Популарната пејачка Јелена Карлеуша не остана рамнодушна на навредливите коментари на водителот Драган Маринковиќ-Маца, кој за време на гостување на црногорска телевизија грубо ја спомена нејзината приватност и минатите тешки моменти.

Во текот на емисијата, Маца се осврна на скандалот поврзан со фудбалерот Огњен Врањеш, кој беше голема медиумска тема. Неговите непримерни коментари предизвикаа бурна реакција кај јавноста.

На овие провокации, Карлеуша одговори преку својот Инстаграм, каде остро го осуди однесувањето на Маца:

„Не е проблем кога некој ’јава госпоѓа’, туку кога на скришно ја слика, уценува и испраќа фотографии до медиумите зашто е одбиен. Ти, како и другите олоши, не гледаш проблем во тоа, бидејќи правиш слични работи, само без ’јавање’ на вакви жени, па немаш што да праќаш. Те потсетувам, олошу, дека после таквите изјави ми пријде да ме прашаш за слика со ќерка ти, но јас ја свртев главата за да не те плукнам пред неа.“

Покрај пораката кон Маца, Јелена остро ја прозва и телевизијата која го емитувала интервјуто:

„Нека размислат каков ефект имаат овие пораки полни со омраза кон жените. Поради вакви изјави, многу жени се одлучиле на трагични чекори, но ако овој кловн ви е забавен, јасно е колку ниско сте паднале. И да, после ‘ј’ има и тоа какво ’к’“, заврши Карлеуша.

Со овој одговор, Карлеуша испрати силна порака за јавната поддршка на жените и борбата против деградирачките коментари во медиумите.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Марија Шерифовиќ за мајчинството и плановите за иднината на синот: „Ќе се потрудам да не расте на Балканот“

Денес се одбележуваат 35 години од падот на Берлинскиот ѕид – Симболот на обединета Европа