во

Јокиќ ќе заработува повеќе од сопствениците на клубот? Марк Кјубан го кажа своето мислење!

Платите на НБА кошаркарите веќе достигнаа астрономски височини, а сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кјубан, изјави дека е прашање на време кога ќе се пробие магичната граница од 100 милиони долари годишно!

Најдобро платените играчи како Никола Јокиќ, Стеф Кари, Џејлин Браун и Џејсон Тејтум имаат договори вредни околу 300 милиони долари за пет години, но според Кјубан, дури и тие бројки можат да изгледаат мали во иднина.

Лука Дончиќ би можел да биде еден од оние кои ќе потпишат договор од милијарда долари, а Кјубан објаснува дека сето тоа зависи од растот на приходите од ТВ правата.

„Да, секако, ако приходите од ТВ правата продолжат да растат… Не е невозможно наскоро да видиме играчи кои ќе заработуваат над 100 милиони долари по сезона, ако зголемувањето на ТВ приходите го подигне салари-капот за 10%. Погледнете го Стеф Кари, тој веќе има договор на 62 милиони годишно. Лука ќе добие уште повеќе, што ќе биде лудо. Оваа сезона важи стариот договор со CBS, но кога ќе стигнат парите од новиот, играчите ќе почнат да заработуваат повеќе од мене,“ изјави Кјубан.

Дали сметате дека кошаркарите се преплатени?

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Жесток пресврт во тенискиот свет: WADA поднесе жалба против Јаник Синер, можна долготрајна суспензија

“Ѓоковиќ е чуден, ама неверојатен!” – позната тенисерка со искрена изјава за Новак