Четиригодишно дете од околината на Струмица развило страв од градинката поради вознемирувачка закана од вработена. Случајот е пријавен во полиција и се истражува.
На 14-ти март 2025 година, во СВР Струмица, 27-годишна жителка на едно од селата во струмичкиот регион, официјално пријавила дека нејзиниот четиригодишен син покажува силен страв и одбива да оди во градинката во Струмица, која претходно ја посетувал без проблеми.
Според изјавата, по посетата на градинката на 11-ти март 2025 година, детето почнало да плаче и раскажало дека една од вработените му се заканила со зборовите дека ќе го затвори „долу“, алудирајќи на подрум, доколку не биде послушно. Заканите, наводно, ги слушнала и друга вработена во установата.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираат дека се преземаат активни мерки за целосно расчистување на овој непријатен случај.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден