во ,

Џенифер Лопез низ солзи: Зошто го оставив Афлек

Џенифер Лопез и Бен Афлек официјално се разведоа! И вториот обид за заеднички живот го уништија “непомирливи разлики”, па парот стави точка на формалниот однос шест месеци откако латино дивата поднесе документи за раскинување на бракот. Иако еднаш призна дека сè ѝ падна тешко, цврсто се држеше во јавните настапи – сè до неодамнешниот концерт во Абу Даби каде што емоциите ја преплавија и скршија, па одржа емотивен говор во кој, од далеку, откри зошто одлучи да ја напушти својата голема љубов во вид на славниот глумец.

За Џенифер Лопез крајот на 2024 година не беше воопшто лесен, ниту бајковит, ниту приближно онаков каков што можеби замислуваше. Светските медиуми незаситно бруеја за разводот од Бен Афлек, но двете страни мудро молчеа и не даваа изјави кои на љубопитната јавност би ѝ дале уште ‘месо’ од нивниот љубовен живот кој се рушеше. И додека глумецот делува растеретено, слободно и среќно, пејачката не може да ги задржи солзите поради уште една неуспешна љубов.

Сепак, иако, според сопственото признание, беше во тешка психичка состојба, се чини, сепак, дека Џеј Ло успеа да се опорави, да сврти нова страница во животот и да продолжи понатаму. А сигурно не ѝ беше лесно да го гледа својот поранешен партнер во толку близок контакт со својата имењачка и негова блиска сопруга Џенифер Гарнер, а сè додека од нивниот однос и понатаму не се тргнати две точки од оние три, кои оставаа простор за помирување.

“Морате да знаете кога е време да си одите”

Сепак, по шест месеци се осмели на концерт во Абу Даби да проговори искрено за своето љубовно искуство и развод. Во една од паузите, пејачката, едвај задржувајќи солзи, ѝ се обрати на публиката.

“Мажите ви даваат љубов, цвеќе, слатки, дијаманти, целото свое време. И сè е така розово и сончево. Но, потоа нешто се случува. Не знам што е ова. Но, престануваат да ве тешат и поддржуваат. Можеби почнуваат да ве лажат. Знаете, како да станат алчни, и во еден момент се вртат за 180 степени и се претвораат во друга личност. Наидов на неколку такви. Во такви моменти морате да научите да се сакате себеси. Морате да знаете кога е време да си одите”, истакна Џенифер, а публиката ја поддржа со овации.

Меѓутоа, ова не беше единствениот емотивен момент на концертот. За време на друга пауза со долги аплаузи, таа со своите фанови сподели дека конечно “се чувствува како таа самата”.

Овие важни зборови ги изговори на денот кога официјално се разведе од поранешниот сопруг. Иако Лопез и Афлек постигнаа спогодба на 6 јануари, им беше кажано дека таа нема да стапи на сила до 21 февруари.

Секој го задржува своето по разводот

Бен и Џенифер ја обновија својата романса на почетокот на 2021 година, откако ја раскинаа веридбата пред речиси 20 години. Дотогаш речиси две децении живееја одвоено, но потоа одлучија да почнат одново. Нивната љубовна приказна им даде надеж на многумина дека сродните души на крајот и по талкање секако повторно се пронаоѓаат, но оваа приказна немаше среќен крај.

Џеј Ло поднесе барање за развод на нивната втора годишнина од бракот, 20 август 2024, а по разводот секој ќе го задржи исклучиво своето стекнато во бракот, без поделба на имотот на “рамни делови”, со оглед на тоа што немаа предбрачен договор.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СКАНДАЛ ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА! ЖЕНА ПЛАТИ СТРАШНА ЦЕНА откако со денови гледаше горила во очи и му се смешкаше! Не слушаше предупредувања!

Добрила Чабриќ, пејачка која има 97 години, на јавноста ѝ стана позната преку натпреварот “Никогаш не е доцна”.