во

Џони Деп гради куќа на српската планина Космај, веднаш до имотот на Новак Ѓоковиќ

Холивудската ѕвезда Џони Деп наскоро ќе има нова куќа на српската планина Космај, веднаш до имотот на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ. Според медиумите, изградбата на куќата се очекува да биде завршена до 2025 година.

Деп го посетил Космај уште во 2022 година, кога разгледувал неколку локации за изградба на својот дом. Космај е веќе дом на многу познати личности, меѓу кои и Ѓоковиќ, кој го купи својот имот од семејството Караман-Кариќ. Иако изградбата на куќата требало да започне порано, проектот се одолжил, но сега е конечно подготвен за реализација.

Соседите се возбудени што познатите лица ја избираат оваа планина за својот мир и одмор. „Ова е вистински рај на земјата. Не е чудо што актерите го избираат Космај наместо Холивуд“, велат мештаните, кои веќе го виделе Деп како шета по својот плац, придружуван од својот тим и телохранители.

Џони Деп го посетил и Белград во 2022 година, кога беше одликуван со Златен медал за заслуги на Република Србија, што уште повеќе ја продлабочи неговата поврзаност со земјата.

Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Гласините за разделба на Меган и Хари се засилуваат: дали разводот е неизбежен?

Листа на најпосакувани мажи на сите времиња: Ќе ве изненади кој е на врвот!