Во еден миг, светот застана. Холивудскиот заводник, симбол на вечна младост, е непрепознатлив. Дали времето конечно си го зеде своето?
Неговата сопруга Амал Клуни, со која е во брак повеќе од 10 години, имаше сосема спротивен израз на лицето.
Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал беа видени во четвртокот вечерта на прометните улици на Њујорк, но славниот заводник и срцекршач ги растажи своите бројни обожавателки до солзи – не поради неговата животна сопатничка (на неа веќе се навикнаа), туку поради неговото забележливо избледено лице, кое делува како годините да се наталожиле во еден ден и го остареле актерот.
Џорџ Клуни со децении важи за најубавиот, најпривлечниот и најмажествениот фраер на Холивуд, на кого годините не му можат апсолутно ништо – а веќе има 63!
Сепак, за него важеше митот дека е како вино – што постар, тоа поубав и позаводлив.
Сепак, дали е моментална исцрпеност или времето во еден момент „си го направи своето“, не е познато, но е видливо дека актерот изгледа уморно и избледено, а карираниот шешир, кој го стави на главата, само придонесе за впечатокот на стар човек, на кого брчките и седите влакна повеќе не му ласкаат како порано.
Спротивно на тоа, неговата сопруга Амал Клуни, со која е во брак повеќе од 10 години, имаше сосема спротивен израз на лицето и широка насмевка, додека го држеше за рака својот животен сопатник и татко на близнаците.
Рака под рака со сопругата
Во согласност со својата гламурозна репутација, светски познатата меѓународна адвокатка за човекови права изгледаше елегантно во црни панталони и соодветни чизми на штикла, со долга сива ролка.
По потекло од Бејрут, 47-годишната Амал, која од својата втора година пораснала во Велика Британија, исто така носеше сив капут, црна чанта, додека нејзината темно кафеава коса и благи локни ѝ паѓаа по грбот и преку левото рамо – со разделба на средина.
Од друга страна, обично дотераниот Клуни, се одлучи за нешто полежерен, но сепак софистициран изглед – темно сини панталони, соодветен капут со црн џемпер со патент под него и светло сини чевли. Како посебен додаток на својот класичен стил, миленикот на жените носеше кариран федора шешир.
Нивниот заеднички излез се случи откако Клуни проговори за некои од предизвиците со кои тој и Амал се соочуваат како родители на нивните седумгодишни близнаци, Александар и Ела.